Достапни линкови

Десетици случаи на труење од алхохол во Русија


Голем број на случаи на труење од алхохол се пријавени во Русија. Властите соопштија дека десетици луѓе починале или се хоспитализирани откако консумирале алхохол во неколку градови, вклучително и Москва. Властите не ја посочија точната бројка на луѓето кои се отруле од метанол, но според нив расте бројот на смртни случаи.

Полицијата започнала истрага за потеклото на алхохолот. Вчера во Краснојарск беа уапсени 6 луѓе откако 11 жители на сибирскиот град починаа откако пиеле лажно виски Џек Даниелс.

XS
SM
MD
LG