Достапни линкови

logo-print

Заниер повика на спроведување на договореното од Пржино


Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер на средбите во Скопје ги охрабрил политичките лидери да продолжат со посветеноста кон тековниот политички процес и навременото спроведување на Договорот од Пржино. Заниер, како што соопшти Мисијата на ОБСЕ во Скопје, дал признание за напредокот на земјата во решавање на политичката криза, додавајќи дека процесот е во важна фаза.

Според него, треба да се преземат понатамошни важни чекори во насока на зајакнување на демократските процеси и враќање на довербата во институциите на земјата. Тој ја нагласил и важноста на претстојните избори во април 2016 година, посочувајќи дека сите страни мора да ги преземат потребните чекори за да се испочитуваат крајните рокови.

XS
SM
MD
LG