Достапни линкови

СДСМ реагира на изјавата на Богов


Гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

Гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

Од СДСМ денеска реагираа на изјавата на гувернерот на НБРМ во која тој повика политичките партии да не ги мешаат банките во нивните политички битки. Големите светските банки прифатија да купуваат државни хартии од вредност издадени од Македонија само кога нивното издавање е потпишано од министерот за финансии и од дополнителниот министер за финансии.

СДСМ ги повика домашните банки да не се водат од политичката одлука на партизираната Државна изборна комисија, на којашто и истекува мандатот, туку врз основа на законот, следејќи го пристапот на светските банки со издавањето на еврообврзницата, е наведено во реакцијата. Според СДСМ, притисок врз банките и деловните субјекти врши власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а за тоа јавноста дознала преку проектот „Вистината за Македонија“.

XS
SM
MD
LG