Достапни линкови

Обама ги повика Русија и Турција да си смират тензиите


Американскиот претседател Барак Обама со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Американскиот претседател Барак Обама ги повика Турција и Русија да ги смират тензиите по соборувањето на рускиот борбен авион од турската војска. Обама по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот за климатски промени во Париз истакна и дека САД го поддржуваат правото на Турција да се брани, но додаде дека милитантната група Исламска држава е непријателот на кој сите страни треба да бидат фокусирани.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу претходно повика за отварање на комунициските канали меѓу двете земји со цел во иднина да се спречат слични инциденти.

XS
SM
MD
LG