Достапни линкови

Столтенберг: утре одлука за Црна Гора во НАТО


„Конечната одлука за поканата на Црна Гора за прием во НАТО се уште не е донесена. За тоа ќе решат министрите за надворешни работи на Алијансата на 2 декември во Брисел, а јас не можам да ја предвидам нивната одлука“. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг наведувајќи дека Црна Гора минала долг пат кон приклучување на евро атлантското семејство, но оти има уште многу да направи. „Тоа ќе биде сигнал за продолжување на нашата посветеност на политиката на отворени врати кон Западен Балкан, но во оваа фаза не можам да кажам што ќе решат министрите“, рече Столтенберг. Официјален Вашингтон смета дека членството на Црна Гора во НАТО ќе придонесе за безбедноста на Балканот и Европа. „Ние сме подготвени да ја поддржиме поканата за Црна Гора на министерскиот состанок во Брисел“ рече портпаролот на Стејт департментот Елизабет Трудо. Потпретседателот на руската државна Дума Сергеј Железњак изјави дека Москва ќе биде принудена да воведе економски санкции спрема Подгорица доколку Црна Гора влезе во НАТО.

XS
SM
MD
LG