Достапни линкови

logo-print

Ердоган: ќе делуваме трпеливо, а не емотивно


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата влада ќе делува „трпеливо, а не емотивно“ пред да преземе какви било мерки како одговор на одлуката на Русија за воведување санкции кон неговата земја. Москва претходно денеска најави дека ќе го забрани увозот, пред се на земјоделски производи, од Турција по минатонеделното турско соборување на рускиот воен авион над сириската граница. Анкара тврди дека авионот го нарушил турскиот воздушен простор што Русија негира. Турција се обидува да обезбеди врските со Русија, нејзиниот главен снабдувач со енергија, да не бидат целосно прекинати, рече Ердоган на маргините на Конференцијата на ОН за климатски промени во Париз.

XS
SM
MD
LG