Достапни линкови

Ванхауте излезе со предлози за медиумите


Членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги да се избираат со двотретинско мнозинство во Собрание откако ќе се пријават на јавен конкурс. Тие треба да бидат професионалци и експерти, а треба да обезбедат поддршка од фелата и од други организации посветени на медиуми. Ова се дел од предлозите на меѓународната заедница кои попладнево на брифинг со новинарите ги презентираше посредникот Питер Ванхауте, кој заедно до партиските работни групи работи на спроведување на договорот од Пржино. Тема на работните групи во изминатиот период се медиумите.

Избраните членови би имале мандат од пет години со можност за реизбор. Се предлага Директорот на Агенцијата да го именува Советот. Во случај на прекршување од страна на некој медиум, Советот ќе отпочне дијалог со медиумот, при што првата мерка ќе биде предупредување, а лиценца ќе се одзема само вослучај на ригорозни прекршувања. На сличен начин треба да се биде бирани Советот на МРТВ, а меѓународната заедница предлага буџетот на јавниот сервис да биде еден процент од државниот буџет.

Се предлага и намалување на данокот за комерцијалните телевизии од 18 на 5 отсто.

XS
SM
MD
LG