Достапни линкови

Обама и Путин разговарале за Сирија и Украина


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Владимир Путин.

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Владимир Путин.

Американскиот претседател Барак Обама го повика неговиот руски колега Владимир Путин да ги намали тензиите со Турција на маргините на самитот за климатски промени во Париз. Белата куќа соопшти дека за време на триесет минутната средба Обама изразил жалење за смртта на рускиот пилот кој беше убиен по соборувањето на неговиот авион од турската војска.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека двајцата лидери разговарале за кризата во Сирија и го поддржувале започнувањето преговори за пронаоѓање на политичко решение за војната. Обама на Путин му рекол дека сирискиот претседател Башар ал Асад мора да ја напушти функцијата како дел од транзицијата на Сирија. Тој го повикал Путин, руските воздушни напади во Сирија да се фокусираат на милитантите на Исламската држава, а не на бунтовниците кои се борат против Асад. Песков истакна и дека тие разговарале и за Украина и потребата од имплементирање на одредбите од примирјето во Минск.

XS
SM
MD
LG