Достапни линкови

Отруени 11 луѓе од алкохол во Русија


Рускиот истражен комитет соопшти денеска дека 11 луѓе починале во сибирскиот град Краснојарск откако пиеле лажно виски Џек Даниелс. Луѓето, според комитетот се отруле од метанол. Девет лица се наоѓаат во болница, а еден од нив е во критична состојба. 48 жители на градот побарале помош од лекар откако го козумирале пијалокот кој го нарачале преку интернет. Шест лица се уапсени во врска со случајот.

XS
SM
MD
LG