Достапни линкови

НАТО ја поддржува Турција за соборувањето на рускиот авион


Генералниот секретар на НАТО Јенс Стролтенберг со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Стролтенберг со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по денешната средба со турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека сите земји членки на НАТО го поддржуваат правото на Анкара да го одбрани својот територијален интегритет и воздушен простор. Тој додаде и дека ги поддржуваат напорите на Турција за воспоставување на контакт со Русија и смирување на ситуацијата.

Според него, важно е да се смират тензиите и во иднина треба да се избегнуваат сличните ситуации. Столтенберг апелира и Русија да има конструктивна улога во Сирија во борбата против Исламска држава.

XS
SM
MD
LG