Достапни линкови

Обама-Заедничка одговорност за климатските промени


Американскиот претседател Барак Обама на самитот за климатски промени во Париз.

Американскиот претседател Барак Обама на самитот за климатски промени во Париз.

Американскиот претседател Барак Обама на самитот за климатски промени во Париз изјави денеска дека е време да го искористат моментот и да му се покаже на светот оти нациите делат заедничка одговорност во борбата против климатските промени. Според него, светските лидери треба да спроведат амбициозен договор кој ќе одговара на потребите. Тој нагласи и дека САД ја прифаќаат одговорноста да преземат мерки за климатските промени во услови кога земјата е вториот најголем емитувач на штетни гасови. Обама истакна и дека неговата земја ќе обезбеди и нов фонд за да им се помогне на ранливите земји да се справат со влијанието од климатските промени.

Францускиот претседател Франсоа Оланд го отвори самитот на кој присуствуваат речиси 150 светски лидери со цел да постигнат долгорочен договор за намалување на покачувањето на температурите во светот. Оланд изјави дека влогот на меѓународната средба никогаш не бил толку висок. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун изјави дека самитот е поради потребата на светот да оди напред и што побрзо со цел да се достигне ограничување на глобалното затоплување на два степени целзиусови до крајот на векот.

XS
SM
MD
LG