Достапни линкови

Иванов во Париз се сретнал со Обама и Меркел


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов на маргините на самитот за климатски промени во Париз се сретна со американскиот претседател Барак Обама. Двајцата лидери разговарале за интеграциите на Македонија во НАТО.Иванов истакнал дека ситуацијата со Македонија се уште е стаус кво и оти земјата треба веднаш да стане полноправна членка на НАТО.

Иванов имал средба и со германската канцеларка Ангела Меркел со која разменил мислења за актуелната мигрантска криза, безбедносните предизвици и состоjбата со европската интегр‎ациjа на Македониja. Тој нагласил дека е нужно Македониja конечно да започне преговори со ЕУ и акцентирал дека кризата jacно укажува дека земjите од Западниот Балкан требало одамна целосно да бидат интегрирани.

XS
SM
MD
LG