Достапни линкови

logo-print

Јанева бара да се донесе законот за јавнообвинителска служба


Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Специјалното јавно обвинителство денеска изрази загриженост за одолговлекувањето на процесот на носење на законот за јавнообвинителска служба. Според соопштението, без законот функционирањето на Специјалното јавно обвинителство ќе биде значително отежнато од причина што стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување на работите и се подеднакво неопходни како и јавните обвинители. Од обвинителството апелираат до надлежните институции ургентно да пристапат кон носење на Законот.

Од обвинителство посочуваат и дека секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникации е должен да им ги предаде, согласно со закон. Единствено од страна на политичката партија СДСМ, како што е наведено, доставено е писмено известување во кое е изразена подготвеност за достава на материјалите кои ги поседуваат.

XS
SM
MD
LG