Достапни линкови

Путин нема да се сретне со Ердоган во Париз


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин нема да се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот за климатски промени во Париз, бидејќи Турција одбива да се извини за соборувањето на рускиот борбен авион во близина на границата со Сирија.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу претходно изјави дека неговата земја го бранела воздушниот простор и дека нема да и се извинат на Русија. Тој побара Путин да го преиспита воведувањето на економски санкции кои стапија на сила пред два дена. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Турција и земјите членки на Алијансата се загрижени за зголеменото руско воено присуство во регионот.

XS
SM
MD
LG