Достапни линкови

logo-print

Косовската опозиција најави блокада на Собранието


Претседателот на косовското движење Самоопределување Висар Имери изјави дека опозицијата нема да се откаже од блокадата на седниците на Собранието на Косово се додека не се повлечат потписите од спогодбите за Заедницата на српски општини и за демаркацијата на границата со Црна Гора. Претходните седници на Собранието беа прекинувани со активирање солзавец во собраниската сала. На закажаната денешна седница нема да присуствуваат пратеникот на Самоопределување Албин Курти и Доника Кадај Бујупи од Алијансата за иднината на Косово на кои поради активирање на солзавец им е одредена мерка притвор од 30 дена.

XS
SM
MD
LG