Достапни линкови

Демонстрации против глобалното затоплување ширум светот


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Демонстрации се одржуваат денеска ширум светот, повикувајќи на акција за спречување на глобалното затоплување, еден ден пред почетокот на Самитот за климатски промени на ОН во Париз, на кој 140 лидери на држави треба да се обидат да постигнат договор за ограничување на емисиите на штетни гасови. Илјадници демонстранти протестираат во центарот на Париз, формирајќи човечки синџир долж рутата на планираниот протестен марш, кој беше забранет поради вонредната состојба во земјата. Активистите поставија околу 20 илјади пара чевли во Палатата на Републиката за да ги симболизираат оние што не можеа да се соберат таму. Неколку часа подоцна, околу 200 демонстранти се судрија со полицијата на улицата која води до Палатата.

Повеќе од 45 илјади луѓе излегоа на демонстрациите во Сиднеј, а илјадници луѓе протестираат и во Лондон, барајќи од лидерите да преземат силна акција против климатските промени.

Коалицијата на климатски организации соопшти дека илјадници луѓе ќе учествуваат на 2.000 настани во 150 земји.

XS
SM
MD
LG