Достапни линкови

logo-print

Меркел: Договор со Турција ќе внесе ред во миграцискиот тек


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека договор меѓу ЕУ и Турција ќе помогне миграцискиот тек да биде ставен во правна рамка, наместо неконтролираниот прилив во моментот.

„Основен дел од тој план за дејствие меѓу ЕУ и Турција ќе биде како да ја замениме илегалната миграција со легална миграција, како можеме да ја подобриме положбата на бегалците внатре во Турција“, рече Меркел.

Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер исто така говореше пред Самитот ЕУ-Турција, истакнувајќи дека ЕУ треба да постигне договор со Турција за разрешување на имигациската криза.

„Само ние заедно ќе можеме да ги запреме миграциските потоци. Ни треба договор со Турција“, рече Јункер.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека никаков договор со Турција нема да биде доволен, за Европа да се справи со најтешката имиграциона криза по Втората светска војна, ако Унијата не ги контролира строго надворешните граници.

„Без контрола на надворешните граници, Шенген ќе стане историја“, рече Туск.

XS
SM
MD
LG