Достапни линкови

Излевање на нафта на рускиот Далечен Исток


Претставници на руските служби за вонредни ситуации соопштија дека во тек се операции за чистење, откако танкер со нафта се насука во близина на пристаништниот град Невелск, при што беше оштетен еден од резервоарите со гориво. Танкерот Надежда, што превезувал 786 тони мазут и нафта, поради големо невреме, удри во гребен во близина на островот Сахалин на рускиот Далечен Исток. Истурената нафта од морето и контаминираната почва од брегот се собираат во други бродови. Остовот Сахалин, кој се наоѓа северно од Јапонија, е голем производител на нафта и природен гас.


XS
SM
MD
LG