Достапни линкови

УНЦХР: Во Грција годинава влегле над 700 илјади мигранти


Во првите десет месеци од оваа година на територијата на Грција влегле повеќе од 700 илјади мигранти, од каде потоа барале разни патишта за да стигнат до богатите држави во Европа, покажуваат најновите податоци на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР).

Податоците се појавуваат во време кога во Брисел се среќаваат турскиот премиер Ахмет Давутоглу и лидерите на земјите-членки на ЕУ, со цел да постигнат договор за побрзо справување со напливот бегалци.

Во анализата на УНХЦР се вели дека повеќе од половина од луѓето кои влегле на грчка територија се Сиријци, 18 отсто се Авганистанци, а шест отсто се Ирачани.

Меѓу сите бегалци дури 20 отсто се деца на разна возраст.

Пред одржувањето на Самитот ЕУ-Турција, холандски дипломати ја промовираа идејата за „привремено создавање на мини-шенген зона“, во која би влегле само дел од западноевропските членки на Унијата.

Холандскиот премиер Марк Руте, не ја коментираше ваквата идеја, но во разговор со домашните новинари предупреди дека доколку ЕУ не го запре напливот на мигранти и не ги ги заштите своите надворешни граници, ќе се соочи со опасноста да ја доживее судбината на античката Римска Империја.

XS
SM
MD
LG