Достапни линкови

Словачка со тужба ќе се брани од мигрантските квоти


Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека неговата земја ќе поднесе тужба пред Европскиот суд на правдата до 18 декември со која ќе го оспори планираниот систем на квоти за распоредување на 120 илјади барали на азил во земјите членки на ЕУ.

Словачка, Чешка, Унгарија и Романија се спротивставуваат на задолжителните квоти за распоредување на мигрантите од Италија и од Грција, но беа надгласани на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во септември.

ЕУ се обидува да најде заеднички пристап во справувањето со напливот на мигранти и бегалци кои бегаат од војните и сиромаштијата на Блискиот Исток, Африка и Азија.

XS
SM
MD
LG