Достапни линкови

Анкара ќе ѝ го предаде на Москва телото на загинатиот пилот


Анкара планира да ѝ го предаде на Москва телото на пилотот што загина кога Турција го собори рускиот воен авион на границата со Сирија. Турскиот премиер Ахмед Давутоглу изјави дека телото на пилотот било донесено во граничната провинција Хатај по „иницијатива на Турција“. Локалната православна црква во Хатај извршила верски обред за загинатиот пилот. Турција го собори авионот на 24 ноември. Двајцата пилоти се катапултираа, но на нив беше пукано од сириските бунтовници. Еден од пилотите, Олег Пешков, загина. Потегот на Турција предизвика остри реакции од Русија. Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ за воведување низа санкции кон Турција. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека жали за тоа што се случило, но одби да се извини.

XS
SM
MD
LG