Достапни линкови

Обама против лесната достапност до офанзивно оружје


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД треба да „направат нешто“ за да им отежнат на криминалците да дојдат до оружје. Ова тој го кажа по вооружениот напад во Клиниката за планирано семејство во американскиот град Колорадо Спрингс во кој беа убиени тројца луѓе, а деветмина се ранети.

„Треба да направиме нешто во врска со лесната достапност до офанзивно оружје на нашите улици на луѓе на кои не им е работа да го користат“, изјави денеска Обама.

Осомничен за вчерашниот напад во Клиниката е 57-годишниот Роберт Луис Диар, кој е во притвор. Тој учествуваше во неколкучасовна престрелка со полицијата.


XS
SM
MD
LG