Достапни линкови

Македонската полиција и војска каменувани на грчката граница


Мигрантите од невоени подрачја кои со денови не можат да влезат од Грција во Македонија, почнаа да фрлаат со камења кон полицијата, која се брани со штитови, околу дивиот граничен премин кај котата 59 покрај пругата.

МВР соопшти дека се повредени 18 полициски службеници од кои двајца со потешки телесни повреди во пределот на главата, еден од нив со потрес на мозок. Сите се хоспитализирани во Медицинскиот центар во Гевгелија.

Демолирани се и неколку полициски и армиски возила и полициски штитови.

Ваквата реакција на граничниот премин со Грција доаѓа откако армијата ноќеска почна да поставува ограда висока три метри. Откако слични мерки најавија другите европски земји, Македонија почна да ги пропушта само бегалците кои доаѓаат од Сирија, Ирак и од Авганистан, додека стотици мигранти од другите земји се заглавени на границата со Грција.

XS
SM
MD
LG