Достапни линкови

Загина Роберт Павлевски, директор на кумановскиот Центар за култура


Во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа во Куманово загина директорот на Центарот за култура Трајко Прокопиев, Роберт Павлевски. Како што соопшти МВР, до несреќата дошло откако автомобил „субару“, управуван од 40-годишниот Павлевски, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид, што што тој починал на самото место. Тешки телесни повреди здобиле неговите четири сопатнички. Две од нив се задржани во Општата болница Куманово, а другите две се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле СВР Куманово и Основното јавно обвинителство.

Инаку загинатиот Павлевски е професор по музичко образование и беше директор на кумановскиот Центар за култура повеќе години.

XS
SM
MD
LG