Достапни линкови

logo-print

Ердоган „тажен“ поради соборувањето на рускиот воен авион


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека е тажен поради соборувањето на рускиот воен авион од страна на турските сили. Обраќајќи им се на поддржувачите, Ердоган денеска прво го бранеше потегот на Турција и ја критикуваше акцијата на Русија во Сирија, пред да го изрази своето жалење. Тој го повтори повикот за средба со неговиот руски колега Владимир Путин на маргините на конференцијата за климатски промени во Париз наредната недела.

Турција собори руски воен авион во близина на границата со Сирија на 24 ноември, што предизвика остар одговор од Москва. Портпаролот на Кремљ денеска рече дека инцидентот им нанел штета на билатералните односи меѓу двете земји, што е тешко да се поправи.

Претходно, Турција ги повика нејзините граѓани да не патуваат во Русија ако не е неопходно. Турското МНР соопшти дека предупредувањето е поради тоа што Турците се соочуваат со „проблеми“ во Русија. Во предупредувањето се наведува дека Турците треба да ги одложат плановите за патување додека „не се разјасни ситуацијата“.

XS
SM
MD
LG