Достапни линкови

Убиени петмина полицајци во Каиро


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Петмина полицајци биле убиени од вооружени луѓе во предградие на Каиро. Властите соопштија дека маскираните напаѓачи од моторцикл во движење пукале кон полицијата на контролниот пункт Сакара во близина на 4.600 години старата Скалеста пирамида. Безбедносните сили ја опколија областа. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Египет се соочува со засилени активности на бунтовниците на Синајскиот Полуостров предводени од локалниот огранок на Исламската држава, кој главно напаѓа војници и полицајци на Синај, но ја има преземено одговорноста и за напади во други делови на Египет. Овој огранок на ИД ја презеде одговорноста за соборувањето на рускиот патнички авион минатиот месец, при што загинаа 224 луѓе.

XS
SM
MD
LG