Достапни линкови

Tри лица загинаа во напад во Клиника во Колорадо


Тројца луѓе, меѓу кои и еден полицаец, се убиени, а неколку се повредени кога вооружен напаѓач отворил оган во Клиника за планирање родителство во американскиот град Колорадо Спрингс. Осомничениот напаѓач откако неколку часа разменувал оган со полицијата, се предел и бил однесен во притвор.За време на опсадата на Клиниката се повредени девет луѓе. Идентитетот на напаѓачот и неговите мотиви засега остануваат нејасни.

XS
SM
MD
LG