Достапни линкови

Русија воведува визи за Турција


Русија соопшти дека ќе го суспендира безвизниот режим со Турција, по ескалирањето на тензиите меѓу Москва и Анкара откако беше соборен руски воен авион од страна на турски борбен авион. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров вчера објави дека Москва ќе воведе визи за турските државјани почнувајќи од 1-ви јануари.

Соборувањето на рускиот авион од страна на Турција на границата со Сирија на 24 ноември предизвика остар одговор од Москва. Од тогаш, Русија ги ограничи туристичките патувања, се блокираат турски камиони на границата и се конфискува храна увезена од Турција, а се подготвува и поширок спектар на економски санкции.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ја предупреди Русија да не се игра со оган.

XS
SM
MD
LG