Достапни линкови

Временска прогноза - облачно и студено


Времето денеска ќе биде променливо облачно. Претпладне во западните делови со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура се движи од еден до пет, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје температура ќе сеискачи до седум степени.

Во недела ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето и повремено засилен северен ветер. Претпладне во западните делови ќе провејува снег. Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат по постепен пораст.

XS
SM
MD
LG