Достапни линкови

Обвинение за 6 лица по полициските рации во Брисел


Белгија покрена обвинение против шест луѓе по полициските акции во Брисел поврзани со терористичките напади во Париз. Белгиското обвинителство соопшти дека тие се обвинети за учество во терористички активности и убиства. Полицијата се уште трага по Салах Абдеслам, чиј брат спроведе еден од самоубиствените бомбашки напади во Париз. Во терористичките напади во Париз загинаа 130 луѓе. Одговорноста за нападите ја презема милитантната група Исламска држава.

XS
SM
MD
LG