Достапни линкови

logo-print

ОН-Соборувањето на рускиот авион не помага за мировниот процес


Претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура

Претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура

Претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура изјави денеска дека соборувањето на рускиот борбен авион од страна на Турција во близина на границата со Сирија претставува ризик за мировниот процес за решавање на конфликтот во Сирија. Според него, инцидентот секако не помогнал, туку ги искомплицирал работите. Турција го собори рускиот авион, бидејќи го нарушил воздушниот простор на земјата. Русија ги негира обвинувањата.

XS
SM
MD
LG