Достапни линкови

Протести во Турција по апсењето на новинари


Протестите во турција.

Протестите во турција.

Неколку илјади демонстранти се собраа денеска пред просториите на турскиот весник Џумхуриет во Истанбул за да изразат незадоволство поради апсењето на двајца новинари од весникот осомничени за шпионажа. Десетици демонстранти протестираа и пред канцелариите на весникот во Анкара.

Двајцата новинари беа уапсени под обвинување за помагање на вооружена терористичка група и шпионажа откако објавиле снимки на кои наводно е прикажано дека турската тајна служба им испраќа оружје на бунтовниците во Сирија. Судот во Истанбул нареди апсење на Чан Дундар главниот уредник на „Чумхуриет“ и на дописникот од Анкара Ердем Ѓул. Снимките предизвикаа политичка бура во Турција која демантира дека вооружува бунтовници во Сирија.

XS
SM
MD
LG