Достапни линкови

Турција со дипломатија ќе ја надминува тензијата со Русија


Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави денеска дека неговата земја сака со дипломатија да ја надмине тензијата со Русија. Тој ја повика Русија со „разумни зборови и дела“ да помогне за намалување на тензијата.

Кремљ претходно соопшти дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побарал состанок со неговиот руски колега Владимир Путин во Париз на 30 ноември. Турција во вторникот собори руски воен авион на границата со Сирија, бидејќи го нарушил воздушниот простор на земјата.

XS
SM
MD
LG