Достапни линкови

Ванхауте-Напредок во преговорите за медиумите


Белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Постигнат е напредок во процесот на преговори на работната група за медиумите, стои во пишаната изјава на посредникот во разговорите белгискиот експерт Питер Ванхауте. Според него, политичките партии ги земале предвид сите предлози од консултациите со различните засегнати страни при процесот на постигнување договор.

Дополнително, од самиот почеток на преговорите за медиумите, како што е наведено, Ванхауте редовно остварувал консултативни средби со засегнатите страни каде тие ги изнесуваат нивните позиции и ставови, со цел законската рамка да ги рефлектира не само препораките на Европската Комисија, Советот на Европа и ОБСЕ/ОДИХР, туку и нивните барања.

Претставници на ЗНМ, МИМ и ССНМ вчера протестираа пред Клубот на пратениците поради нетранспарентниот начин на водење на разговорите за медиумите.

XS
SM
MD
LG