Достапни линкови

Русија ја прекина испораката на јаглен во Украина


Украинскиот министер за енергија Володимир Демчишин

Украинскиот министер за енергија Володимир Демчишин

Украинскиот министер за енергија Володимир Демчишин изјави денеска пред Парламентот дека Русија започнала со рестрикција на испораката на јаглен во земјата откако Кремљ се закани дека ќе го казни Киев за прекинот на електрична енергија во Крим. Според него, проруските бунтовници кои имаат контрола врз рудниците со јаглен во источна Украина исто така ја стопирале испораката.

Тој истакна дека бродовите кои пренесуваат руда од Јужна Африка до Украина треба да пристигнат во декември и со тоа земјата ќе има доволно јаглен за стабилна функција на енергетскиот ситем во рок од 45 до 50 дена.

XS
SM
MD
LG