Достапни линкови

Ослободени двајца осомничени милитанти во Берлин


Полицијата во Берлин соопшти дека ослободиле двајца мажи кои беа вчера притворени како дел од истрагата против исламските екстремисти во Германија. Според полицијата, не биле пронајдени докази против осомничените, 28 годишен Сириец и 46 годишен Тунижанец. Полицијата вчера изврши рација во џамија и исламски културен центар во градот. Локални медиуми јавија дека двајцата осомничени планирале да пренесат експлозив од Минхен со цел да го искористат за можен напад во Дортмунд.

XS
SM
MD
LG