Достапни линкови

Во Берлин приведени двајца за планирање напад


Берлин

Берлин

Полицијата во Берлин соопшти дека уапсила две лица осомничени дека имале намера да извршат „тежок акт на насилство кој претставува опасност по државата“. Тие, како што се наведува, биле под влијание на екстремистичката група Исламска држава. Еден од нив бил Сириец, а другиот државјанин на Тунис. Кај нив не било откриено оружје или експлозив, а полицијата не посочи што тие точно планирале да направат.

XS
SM
MD
LG