Достапни линкови

Путин: Русија ќе соработува со коалицијата предводена од САД


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се уште е посветена на соработка со коалицијата која предводена од Соединетите држави се бори против милитантите на Исламската држава во Сирија. Говорејќи на прес конференцијата во Кремљ по разговорите со францускиот претседател Франсоа Оланд, тој изјави дека двете земји се согласиле да ја подобрат билатералната соработка околу Сирија. Во исто време, Путин додаде дека соборувањето на рускиот борбен авион од страна на Турција бил акт на предавство од земја за која Русија смета дека и е пријател. Оланд изјави дека двете земји се согласиле да ги напаѓаат само милитантите на Исламската држава и другите екстремистички групи. Западот ја обвинува Москва дека ги напаѓа бунтовничките групи кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад кој е поддржан од Русија.

XS
SM
MD
LG