Достапни линкови

Заглавените мигранти во обид да влезат во Македонија


Стотици Мароканци, Алжирци и Пакистанци се обиделе да ја минат границата меѓу Македонија и Грција кинејќи дел од бодликавата ограда и барајќи да им биде дозволено да го продолжат патот кон северот на Европа. Околу илјада и петстотини мигранти се заглавени во близина на градот Идомени откако Европа реши да ги филтрира мигрантите, дозволувајќи влез само на оние што бегаат од со војна зафатените Сирија, Авганистан и Ирак. Некои од нив фрлале камења врз полицијата, додека други на колена извикувале „Сакаме да одиме за Германија“. Неколкумина успеале да влезат на македонска територија но набрзо биле фатени од полицијата. Над 800 илјади бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Азија и Африка пристигнаа во Европа преку Турција и Грција. Обединетите нации ги осудија новите рестрикции базирани врз националноста на мигрантите и бегалците.

XS
SM
MD
LG