Достапни линкови

Ердоган бара извинување од Русија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Русија треба да се извини за нарушувањето на воздушниот простор на неговата земја. Според него, турските пилоти и вооружени сили само си ја исполниле должноста, односно да возвратат на прекрушувањето на правилата и во тоа е суштината.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека турското раководство намерно ги турка билатералните односи меѓу двете земји во ќор сокак. Тој нагласи дека Русија очекува извинување и надоместок од Турција по соборувањето на рускиот борбен авион на турско-сириската граница.

XS
SM
MD
LG