Достапни линкови

Лажна тревога во џамијата во Брисел


Евакуацијата на џамијата во Белгија.

Евакуацијата на џамијата во Белгија.

Сомнителниот коверт поради кој беше евакуирана џамија во Брисел содржел брашно. Портпаролот на противпожарната служба претходно соопшти дека некој од џамијата им се јавил да ги предупреди за сомнителен прашок, која наводно бил антракс.

Полицијата по дојавата ја евакуираше џамијата, која се наоѓа во близина на седиштето на ЕУ. Тестовите покажале дека супастанцијата не била антракс, туку брашно, соопшти белгиската полиција. Во Белгија безбедносните мерки се подигнати на високо ниво поради терористичките наапди во Париз на 13 ноември.

XS
SM
MD
LG