Достапни линкови

ОБСЕ објави документ за пропагандата во медиумите


Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Дуња Мијатовиќ

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Дуња Мијатовиќ

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Дуња Мијатовиќ издаде документ во кој е наведено дека пропагандата е грдата лузна на лицето на модерното новинарство. Таа нагласи дека нејзината канцеларија посветила многу време во изминатите месеци да го адресира коренот на причината за пропаганда, особено во врска со конфликтот меѓу украинските власти и проруските бунтовници. Според неа, незнаењето, омразата, непријателство и другите последици од пропаганда се закани за новинарство и слободните медиуми. Таа нагласи и дека мора да се озбезбедат повеќе ресурси во борбата со тие закани.

XS
SM
MD
LG