Достапни линкови

Ердоган негира дека Турција купува нафта од ИД


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги отфрли обвинувањата од Русија дека неговата земја купува нафта од терористичката грпа Исламска држава. Тој ги повика сите оние кои поинаку тврдат да го докажат тоа инаку во спротивно се работи за клевета.

Според него, таквите тврдења се срамни и нагласи дека Русија е најголемиот снабдувач со енергија на Турција. Тој истакна и дека Турција активно се бори против групата, при што илјадници осомничени милитанти биле притворени во изминатите години.

XS
SM
MD
LG