Достапни линкови

Путин очекува извинување од Турција


IРускиот претседател Владимир Путин

IРускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека турското лидерство намерно ги турка билатералните односи меѓу двете земји во ќор сокак. Тој нагласи дека Русија очекува извинување и надоместок од Турција по соборувањето на рускиот борбен авион на турско-сириската граница. Тој истакна и дека очекува Анкара да ги казни „криминалците“ кои го собориле авионот.

Според него, појавата на милитантната група Исламска држава е резултат на пасивноста на некои земји кои често се директни соучесници на тероризмот. Путин изрази и надеж дека ќе се формира меѓународна коалиција против милитантите во Сирија.

XS
SM
MD
LG