Достапни линкови

Одложена средбата на работната група за медиумите


Белгискиот експерт Питер Ванхауте

Белгискиот експерт Питер Ванхауте

Денешната средба на работната група која разговара за реформите во медиумите е одложена поради консултативни средби за подготовка на конкретни предлози во врска со законите поврзани со медиумите, врз основа на досегашните дискусии со политичките партии и засегнатите страни, се наведува во пишаната изјава на белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Предлозите, како што се појаснува во изјавата, ќе бидат дискутирани во следниве денови. ЗНМ, ССНМ и МИМ денеска одржаа протест пред Клубот на пратениците поради нетранспарентниот начин на водење на разговорите за медиумите.

XS
SM
MD
LG