Достапни линкови

logo-print

Обама: нема веродостојна закана за САД


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека нема конкретна или веродостојна закана за терористички напад во Соединетите држави. Тој ова го изјави пред денешниот празник Денот на благодарноста што го слават милиони американци. Обама додаде дека Соединетите држави ги преземаат сите можни чекори за зачувување на сигурноста на граѓаните кои како што рече треба да ги продолжат нивните нормални активности. Деновиве Стејт департментот издаде предупредување до Американците да не патуваат во странство поради зголемена закана од терористички напади.

XS
SM
MD
LG