Достапни линкови

logo-print

Протест на новинарите во Скопје


Здружението на новинарите, Самостојниот Синдикат на новинарите и на медиумските работници и Македонскиот Институт за медиуми денеска во 11 часот ќе протестираат пред Клубот на пратеници во Скопје. Според соопштението, тие ќе протестираат, поради одбивањето на политичките партии во преговорите да ги вклучат медиумите и медиумските организации. За нив, како што е наведено, е неприфатливо да се зборува за новинарите и медиумите а притоа тие да не бидат вклучени во процесот. Тие нагласуваат дека имаат право да знаеме кои решенија се предложени пред да бидат донесени во Собранието.

XS
SM
MD
LG