Достапни линкови

Од самитот во Загреб заложба за борба против тероризмот


Лидерите на земјите од Западен Балкан, на Европската унија и на Соединетите држави на крајот од самитот во Загреб ја изразија посветеноста за заедничка борба против тероризмот. Во изјавата се истакнува изградбата на доверба, како и регионалната соработка во процесот на евроатланските интеграции. Договорено е да се продолжи јакнењето на партнерството со Соединетите држави и Европската унија и да се внесе нова енергија во ширењето на Унијата и НАТО. Американскиот потпретседател Џо Бајден по завршувањето на самитот изјави дека влегувањето на земјите од југоисточна Европа во ЕУ и НАТО е најдобар начин за унапредување на мирот и безбедноста во регионот. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск нагласи дека не треба да има никакво сомневање дека иднината на регионот е во Европската унија.

XS
SM
MD
LG