Достапни линкови

САД ја дополнија листата со санкции за Сирија


САД додале четири личности и шест ентитети на листата на санкции за поддржувачите на сирискиот претседател Башар ал Асад, меѓу кои има и руска банка. Американските власти соопштија дека банката е ставена на листата, поради нејзината улога во финансиските трансакции со сириските власти. На листата се и две лица поврзани со банката, како и сириски бизнисмен, кој служел како посредник на сирискиот режим во купувањето нафта од милитантната група Исламска држава.

XS
SM
MD
LG