Достапни линкови

Иванов-Регионот не соработува во безбедноста


 Средба на претседателот Ѓорѓе Иванов со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Средба на претседателот Ѓорѓе Иванов со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот Ѓорге Иванов на вонредниот самит на лидерите на Процесот Брдо – Бриони во Загреб изјави дека недоволната безбедносна соработка во регионот е сериозен проблем. Тој посочи и дека дека за тоа е неопходна и поддршката од сојузниците и партнерите, а особено од САД.

Според него, изворот на сите проблеми во регионот е ист, а Балканот се уште не е целосно интегриран во Европската унија и во НАТО. Иванов истакна и дека третирањето на интеграцијата како техничко, а не како суштинско прашање го прави регионот, а со тоа и Европа, помалку отпорни на заканите. Неопходно е ЕУ и НАТО да ги сменат политиките кон Македонија, порача Иванов и да ги тргнат блокадите.

XS
SM
MD
LG